Ленс Мекдоналд, хакер на PlayStation, демонстрираше нов начин на искористување на конзолата PlayStation 5 што му овозможи да инсталира софтвер на неговата конзола.
Со помош на новооткриената ранливост на PlayStation 5, Ленс успеа да го инсталира PlayStation 4 PKG фајлот на злогласното демо PT на Konami, кое повеќе не е достапно за преземање.
It's… beautiful.
The PlayStation 5 has been jailbroken. pic.twitter.com/54fvBGoQGw
— Lance McDonald (@manfightdragon) October 3, 2022
На Твитер, Мекдоналд објави доказ за успешното „хакирање“ на конзолата PlayStation 5, иако засега не е познато како тоа долгорочно ќе влијае на Sony.
Во моментов, се чини дека jailbreak-от на PlayStation 5 дозволува само ограничен пристап до конзолата, работи само на верзијата 4.03 или претходните верзии на фирмверот на Sony PlayStation.
Дополнително, откриениот недостаток работи само околу 30% од времето и моментално нуди само пристап за читање/запишување на конзолата. Ранливоста не им дозволува на корисниците на PS5 да го искористат извршниот код на системите.
Исто така, хакираната конзола PlayStation 5 не може да се користи за пиратски игри или други нелегални активности. Сепак, ова ја отвора вратата за некои потенцијални идни злонамерни дејства.
Се очекува дека Sony наскоро ќе најде начин да го зацврсти фирмверот на PlayStation 5 во наредниот период, за да ја заштити својата конзола од оваа и идните пропусти.