Ширењето на коронавирусот продолжува да создава многу проблеми и доведе до блокирање на десетици милиони граѓани во Кина. Има премногу нејаснотии во врска со болеста, со тоа што Светската здравствена организација се надева дека наскоро ќе почне со намалување на случаите на заразени.

Веќе има двоцифрен број на заразени надвор од Кина, што дополнително го влошува овој проблем. Експерти од целиот свет експериментираат со развивање на вакцина за запирање на коронавирусот, но досега, тие имаат само делумен успех, пишува Digital.bg

Сега, тим на американски научници при Универзитетот во Синсинати соопштија дека создадоа тест што ќе може да се користи на паметните телефони и ќе може да каже дали некој е заразен со коронавирусот. Ова ќе биде можно со употреба на дополнителен прилог што се прикачува на дното на уредот.

На овој начин, можно е да се изврши тест на плунка или крвен примерок во движење, при што прототипот открива патогени како СИДА, маларија и коронавирус. Откако ќе го доставите примерокот, треба да ја почекате самата анализа, додава AndroidPit.