Флопи дисковите се стари со децении, но авиокомпаниите сè уште ги нарачуваат и користат.
Том Перкси, кој се опишува себеси како „последниот човек во бизнисот со флопи дискови“, е основач и сопственик на floppydisk.com, веб-страница која продава и рециклира флопи дискови. Компанијата исто така пренесува дискови, нуди програма за рециклирање и продава искористени или расипани дискови до уметници ширум светот.
Сепак, Перкси тврди дека неговите главни клиенти сè уште се индустриски корисници кои користат флопи дискови за ставање информации во машините и обратно. Тој вели дека авиокомпаниите сè уште користат флопи дискови, од кои половина се стари повеќе од 20 години, а во тоа време овие дискови биле најдобрата достапна технологија.
„Авиокомпаниите се огромен потрошувач, а има и медицинска опрема која бара употреба на флопи дискови за вметнување и преземање информации од медицинските уреди“, рече тој.
Секогаш има луѓе кои чуваат некои предмети за да ја одржат носталгијата, а некои од нив купуваат и по 50 флопи дискови.
British Airways повлече од употреба еден од своите авиони Боинг 747-400 за време на пандемијата на коронавирус во 2020 година, а истражувачите од Pen Test Partner пронајдоа флопи диск од 3,5 инчи во пилотската кабина, што се користеше за вчитување на клучните бази на податоци за навигација.
Се чини дека флопи дисковите ќе останат во употреба се додека се користат старите авиони произведени пред 20 години.