Рускиот суд донесе одлука да го казни американскиот технолошки гигант Google со парична казна од 366 милиони долари.
Русија го казни Google затоа што компанијата не ги избриша „забранетите“ информации за војната во Украина. Казната доаѓа бидејќи Google постојано ги игнорираше барањата за отстранување на информации што се забранети со рускиот закон. Националното регулаторно тело за интернет и медиуми Роскомнадзор претходно побара од Google да ги отстрани сите „лажни информации“ за руската воена офанзива во Украина од видео сервисот YouTube.
Роскомнадзор испрати 17 известувања до Google во кои бара усогласување со руските закони, но технолошкиот гигант не одговори. Вкупната казна е еднаква на десетина од годишниот обрт на Google и неговите сродни структури во Русија.
Кон крајот на јуни, Роскомнадзор тврдеше дека Google не избришал „најмалку 7.000 нелегални материјали од YouTube“.