Микрометеоритот што го погоди вселенскиот телескоп James Webb предизвика поголема штета од очекуваното, но научниците успеаја да ги прилагодат огледалата за да ги отстранат повеќето негативни ефекти.

Штетата што ја претрпе телескопот James Webb при удар на микрометеорит во мај е полоша од очекуваното, покажуваат фотографиите објавени во новиот извештај.

Во објавениот документ се наведува дека повеќето удари на микрометеорити во големото огледало на телескопот предизвикале незначителна штета, но дека еден удар од средината на мај предизвикал трајно оштетување на телескопот.

Сегментираното огледало на James Webb со дијаметар од 6,5 метри е изложено на вселената, но научниците очекуваат само еднаш месечно да биде изложено на потенцијално опасни микрометеорити.

Микрометеоритот го погоди сегментот на огледалото означен C3 и ја зголеми грешката на брановиот преден дел од сегментот од 56 нанометри на 178 нанометри по корекција на прилагодување на сегментот. Меѓутоа, бидејќи секој сегмент од огледалото може да се прилагоди, штетата на сегментот C3 може да се компензира и не ја загрози резолуцијата на примарното огледало како целина.

Сè уште не е јасно дали ова е редок настан што статистички може да се случи еднаш во многу години или дали телескопот е поподложен на оштетување од микрометеорити отколку што беше предвидено во моделите пред лансирањето, пишува Independent.