Како гиганти во сегментот на социјалните медиуми, Facebook и TiKTok често се мета на споредби. Сепак, иако Facebook во моментов инвестира многу пари за да ги направи своите функции и понуди слични на ривалската платформа, TikTok вели дека нема намера да стане како Facebook.
Блејк Чендли, претседател на глобални деловни решенија во TikTok, истакна дека постојат јасни разлики меѓу двете компании.
„Facebook е социјална мрежа. Тие ги создадоа своите алгоритми врз основа на социјалната слика. Тоа е нивна главна надлежност. Но не и наша. Ние сме платформа за забава. Разликата е значајна и голема“, вели Чендли.
Чендли е особено компетентен да каже вакво нешто, со оглед на тоа што 12 години беше еден од директорите на Facebook. Тој истакнува дека ова искуство на Facebook (особено во борбата со сега веќе непостоечкиот ривал Google+) го научи да верува дека TikTok ќе победи во тековната борба меѓу двете платформи.
„Ние сме многу добри во она што го правиме. Ги носиме овие културни трендови и уникатни искуства што луѓето ги имаат на TikTok. Сигурно нема да ги има на Facebook, освен ако таа платформа целосно не ги отфрли нејзините социјални вредности, што не верувам дека ќе го стори тоа“.