Таблетот е одличен уред кој во многу ситуации може да ви го замени лаптопот, особено ако сте честопати во движење, ако патувате или едноставно ако сакате својата работа или својата забава да ја носите со себе во попрактична форма на полесен, потенок и помал уред.

Ова лето Samsung ја претстави својата нова и врвна серија Galaxy Tab S9, кои го редефинираат светот на таблетите и поставуваат нови стандарди за гледање и креативна слобода. Покрај извонредните перформанси, овие таблети се дизајнирани да ја поттикнат и вашата желба своите идеи да ги претворите во реалност, да ја зголемат вашата продуктивност, а сето тоа да биде без поголем напор и благодарение на иновациите кои ги вклучуваат.

Извонредните карактеристики на таблетите од серија Galaxy Tab S9 се совршени за дено-ноќна забава еднакво како и за извршување на секојдневните професионални обврски. Без разлика дали ќе се одлучите за Galaxy Tab S9, Galaxy Tab S9+, или Galaxy Tab S9 Ultra, ве очекува досега најголемиот Dynamic AMOLED 2X екран произведен од Samsung, со HDR10+ што овозможува прилагодување на тонот кадар по кадар и фрејм по фрејм, со широк и беспрекорен спектар на бои и осветлувања. Потенки, но помоќни од претходните модели, Galaxy Tab S9 таблетите се опремени со истиот водечки мобилен процесор со молскавична брзина Snapdragon® 8 Gen 2 Mobile Platform за Galaxy.  Тука е и функцијата за заштита на видот со која се намалува напрегањето на вашите очите при слабо сино светло, а при гледањето на содржините на вашиот нов лаптоп, ќе ги забележувате и најситните детали, така што тие ќе изгледаат прецизни и јасни. Ова подобрување при гледањето се однесува и доколку сакате да уживате во својата забава на таблетот и на отворено – иновативната Vision Booster технологија автоматски ќе ги регистрира условите при јака светлина и во склад со нив ќе го прилагоди екранот за искуството да биде уште подобро. Сите унапредени функции  на таблетите од серијата Galaxy Tab S9 во целост ви овозможуваат да поминете долги часови во стримање, гејмање, бинџување, читање или работење на вашиот нов таблет, бидејќи пред вас е температурно најефикасната Galaxy Tab серија досега со внатрешна комора за пареа, посебно дизајнирана за потребите на таблет со висок интензитет со двонасочна диспрезија на топлина што помага при овозможување и одржување на подобри перформанси во тек на подолг период на користење.

Одличен работен асистент за сите креативци на кои најдобрите идеи им доаѓаат најнеочекувано

Токму поради ова, ако работите во некоја од креативните индустрии, најдоброто решение за вас е таблет од серијата Galaxy Tab S9, кој поради толку лесната преносливост, можете секогаш да го носите со вас и да го користите во секој момент без разлика на осветлувањето, временските услови или локацијата. Извонредните екрани од серијата Galaxy Tab S9 се идеална позадина за секој проект. Со опцијата Multi Window ќе можете да поврзете до три апликации како организирана мрежа на лесно прилагодливи прозорци. Истражувајте во прелистувачот, а со Pop-Up View апликациите ќе ги гледате како лебдечки прозорци, додека целиот главен екран ќе ви остане непроменет. Со феноменалното, веќе познато и препознатливо, а сега и подобрено Galaxy S Pen пенкало, ќе можете да пишувате и цртате многу слично како на хартија, а неговата отпорност на вода и прашина уште повеќе ги зголемува можностите за  комуницирање и изразување.

Апликацијата пак GoodNotes ќе ви претстави ново искуство со припишување белешки и записи за прв пат на уред со Android, достапно само за корисниците на Galaxy таблет. Покрај тоа, белешките направени во GoodNotes на сите платформи ќе можете лесно да ги споделувате и уредувате заедно во исто време. Сите дизајнери и професионалци  можат да ја претворат својата креативна визија во внимателно изработени 2D CAD шеми, сеопфатни планови просторни планови и точни проценки.

Нераскинливата врска меѓу вашите нови уреди – таблет и мобилен телефон

Благодарение на Samsung екосистемот, поврзувањето на таблетот Galaxy Tab S9 со вашиот нов мобилен телефон Galaxy Z Flip5  или Galaxy Z Flip5 ќе ви овозможи неспоредливо корисничко искуство. Користењето на сите креативни алатки е лесно кога таблетите Galaxy Tab S9 се поврзани со други уреди, при што со опцијата Multi-Control беспрекорно ќе можете да копирате, лепите или влечете текст или слики директно помеѓу таблетот и паметниот телефон. И не само тоа, туку без проблем ќе можете да сликате и снимате видеа и да ги пренесувате од вашиот Galaxy телефон на таблетот, како и да пренесувате датотеки.

Заедно со лансирањето на овие нови таблети од серијата на Galaxy Tab S9, Samsung со гордост ги претстави и своите најнови спектакуларни модели на мобилни телефони на преклоп Galaxy Z Flip5 и Galaxy Z Fold5, како и  најновите модели на паметни рачни часовници Galaxy Watch6 и Galaxy Watch6 Classic со подобрени перформаси за следење на вашите спортски активности, одржување здрав начин на живот и здрав сон,  како и новата Galaxy серија Не зборавајте да ги погледнете и овие уреди и сите придобивки кои тие можат да ви ги понудат!

Повеќе информации за најновите уреди на Samsung прочитакте на:

https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/galaxy-tab-s9-wi-fi-graphite-128gb-sm-x710nzaaeuc/

https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/galaxy-tab-s9-plus-wi-fi-graphite-256gb-sm-x810nzaaeuc/

https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/galaxy-tab-s9-ultra-wi-fi-graphite-256gb-sm-x910nzaaeuc/

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip5/

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold5/

https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-40mm-gold-bt-sm-r930nzeaeuc/

https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-classic-43mm-silver-bt-sm-r950nzsaeuc/