Tesla престана да прима нарачки од Европа и Кина за електричниот камион Cybertruck.
Кога Cybertruck беше претставен кон крајот на 2019 година, само во текот на првата недела беа собрани 250.000 резервации. Побарувачката за возилото не запре ниту следната година, па во јуни 2020 година бројката се искачи на 650.000.
Како што напиша Electrek, во мај 2021 година, бројот на резервации надмина еден милион, а денес достигна речиси 1,5 милиони, иако Tesla официјално не го потврди тоа.
На тој начин американската компанија има доволно нарачани возила за првите три години од производството, а извршниот директор Илон Маск изјави дека Tesla ќе престане да прима нарачки од Европа и Кина.
Cybertruck ќе се произведува во новата Gigafabrica на Tesla во Остин, Тексас, а книгата за нарачки ќе продолжи да биде отворена за северноамериканските клиенти.
Cybertruck беше претставен во 2019 година, но по бројни одложувања, беше одлучено производството да не започне до 2023 година. Европските купувачи обично ги добиваат своите возила многу подоцна од северноамериканските купувачи, бидејќи матичната земја обично е прва што добива испораки.
Дополнително, проблемите со хомологацијата поради специфичниот дизајн на моделот Cybertruck ќе влијаат и на поместувањето на датумот на испорака за европскиот пазар.
Маск претходно изјави дека за Европа може да се направи помала верзија на камионот со малку поинаков дизајн.