Се појавија извештаи дека TikTok тестира игри како дел од својата апликација во Виетнам и тоа е увертира пред големиот пробив во сферата на игри.

Претставник на компанијата потврди за Ројтерс дека тестирал HTML5 мини-игри.

„Секогаш бараме начини да ја зајакнеме нашата платформа и редовно тестираме функции и интеграции кои се од вредност за нашата заедница“.

Извори запознаени со плановите на TikTok укажуваат дека има планови за игри кои ќе имаат реклами и ќе бидат достапни од библиотеката ByteDance. Се наведува дека оваа опција би можела да го зголеми времето кое корисниците го поминуваат во апликацијата TikTok.

Минатата година, TikTok објави партнерство со Zynga (позната по играта FarmVille) за создавање на играта Disco Loco 3D. Тоа е HTML5 континуиран „runner“ кој може да работи во рамките на апликацијата. Сега извештаите сугерираат дека ова е само почеток на гејмерските амбиции на TikTok.

Покрај тоа, TikTok го тестира софтверот за стриминг на игри, со својата опција Live Studio за компјутер. На одредени креатори им е дозволено и да додадат поголема интерактивност, преку мини-апликации во видео клиповите.