Следниот премиум телефон на Samsung ќе биде Galaxy S22 Ultra, за кој претходно веќе видовме CAD рендери од можниот дизајн. Сега LetsGoDigital и Technizo Concept нудат ажурирани рендери со поинаков систем на камерите на задната страна. Кратко откако беше објавен првиот сет на рендери, дојавувачот IceUniverse сугерираше дека Samsung може да имплементиран поинаков аранжман на камерите, на две одделни испакнувања.

Наместо испакнувања за камерите во форма на буквата Р, сега новите рендери сугерираат камери сместени на два помали „острови“. Во овој систем на камери би требало да се најдат 108MP главен сензор и ултра-широк сензор од 12MP, додека телефото 3x телефото камерата и 10x перископ камерата ќе добијат зголемување на резолуцијата од 10MP на 12MP во однос на S21 Ultra.

Рендерите го прикажуваат телефонот во бела, црна и бордо црвена боја. Galaxy S22 Ultra дизајн јазикот повеќе сугерира како би изгледал Galaxy Note 21 Ultra доколку биде објавен, вклучувајќи го и слотот за S Pen паметното пенкало.

Во голема мера се верува дека Galaxy S22 Ultra ќе биде спиритуелен наследник на  Galaxy Note серијата, а неодамна се појавија информации дека објавата на споменатиот модел може да биде подоцна од очекуваното. Galaxy S22 би можела да биде претставена кон крајот на февруари, во текот на Светскиот мобилен конгрес.

U velikoj meri se veruje da će Galaxy S22 Ultra biti spirituelni naslednik Galaxy Note serije, a