Lego планира да ги интензивира своите активности на полето на дигиталните игри, бидејќи стравува дека светот на онлајн игрите многу ќе го разниша бизнисот кој се базира само на пластични коцки.
Компанијата Lego планира тројно да го зголеми бројот на програмери до крајот на 2023 година и да вработи 1.800. Компанијата, откако беше пред колапс во 2003 година, разви нови идеи и проекти насочени кон дигитални игри. На ова поле Lego постигна успех и со помали игри.
Она што и недостасува на компанијата е голема игра, а се наведува дека раководството на Lego е фрустрирано со години бидејќи била пропуштена можноста да се развие игра како Minecraft.
Lego сега соработува со компанијата Epic која стои зад играта Fortnite. Двете компании имаат план да создадат метаверзум, кој би бил наменет за деца и се очекува да биде претставен во текот на следната година.
Претставниците на компанијата истакнуваат дека коцките ќе останат во срцето на бизнисот на Lego, но тие веќе се поврзани со некои дигитални иницијативи – без разлика дали се работи за видео игри или ТВ-емисии и серии.
Поврзани артикли