Полјакот Павел Сичински постави нов светски рекорд во популарната игра Football Manager, објави Гинисовата книга на рекорди. Сичински со еден фудбалски менаџер успеал да одигра дури 416 сезони и 134 дена.

Полскиот ентузијаст ја оствари својата „кариера“ на верзијата на играта од 2018 година, а ја заврши со фудбалски натпревар што се одржа на 18 мај 2434 година.

Во повеќе од 400 сезони, Сичински има освоено 1.258 трофеи, постигнувајќи 58.900 гола на 22.300 натпревари. Во 71 отсто од натпреварите излезе како победник, а во играта „одмараше“ 260 дена.

На овој потфат реагираа и од Football Manager.

„Какво достигнување на Павел. Го подигна значењето на изразот ‘само уште еден натпревар’ на комплетно друго ниво“, напишаа на Твитер.

Пред Сичински, рекордот го држеше германскиот играч Сеп Хедел, кој одигра 333 сезони со истиот тренер.