Microsoft за 22. септември најави настан во текот на кој компанијата планира да претстави нови производи. Не е потврдено што ќе биде претставено, но промотивниот материјал сугерира на тоа дека ќе видиме Surface Pro 8 хибриден уред.

Веќе протекоа некои детали за Surface Pro 8 моделот. Дојавувачот @Shadow_Leak објави фотографија од дигиталниот листинг на уредот, според кој Surface Pro 8 ќе користи Intel процесор од 11. генерација, 13-инчен дисплеј со 120Hz освежување, Thunderbolt поддршка и заменлив SSD.

Ова е прв пат Surface уредот да поддржува 120Hz дисплеј и Thunderbolt. Покрај тоа, 13-инчниот екран е поголем од 12,3-инчниот екран на актуелните Surface Pro 7 и Surface Pro 7+ моделите.

Потребно е да се истакне дека ништо од наведените спецификации Microsoft не потврди досега, но се очекува дека тие се точни. Останатите уреди кои Microsoft би можел да ги претстави во текот на настанот се Surface Duo 2, Surface Book 4, Surface Go 3  и Surface Pro X.