Популарниот музички стриминг сервис Deezer котира на берзата преку договорот SPAC, а проценетата вредност на компанијата е 1,1 милијарда долари.

Deezer ќе се спои со компанијата I2PO, предводена од Ајрис Ноблох, поранешен функционер на WarnerMedia. Deezer е основан во 2007 година, а неговиот прв обид да излезе на берзата беше во 2015 година.

Во тој период, инвеститорите беа скептични кога станува збор за профитабилноста во сегментот на музички стриминг, тоа е периодот кога Pandora забележа загуба од 86 милиони долари за само еден квартал.

Меѓутоа, во меѓувреме почнаа да растат, сега веќе многу важни музички стриминг сервиси како Spotify, Amazon Music и Apple Music. Во моментов на пазарот доминира Spotify со 31% удел, а потоа следат Apple Music (15%), Amazon Music (13%), Tencent (13%) и Youtube Music (8%).

Според наводите на WSJ, Deezer сè уште не заработува, а според елементите од новиот договор, се очекува сервисерот да стане профитабилен до 2025 година.