Барселона ќе си ја врати водечката позиција на европската мапа на суперкомпјутери со новиот суперкомпјутер Mare Nostrum 5, кој се очекува да биде инсталиран до крајот на оваа година.

Mare Nostrum 5 ќе биде 15 до 20 пати посилен од актуелната верзија на Mare Nostrum 4, кој е втор најмоќен суперкомпјутер во Европа и 13-ти во светот, и 10.000 пати побрз од првата генерација на овој компјутер произведен во 2004 година, кој беше најсилен на континентот.

Работата на инсталацијата на најновата верзија на суперкомпјутерот веќе започна во компјутерскиот центар во Барселона (БСЦ).

Mare Nostrum 5, кој треба да биде подготвен за работа следната година, ќе има максимална моќ на процесирање од 200 петафлопи, што значи дека ќе може да изврши 200 милиони милијарди операции во секунда.

Неговата цел ќе биде првенствено за европски медицински истражувања, вклучувајќи лекови, вакцини и симулации на ширење на вирусот, како и за предвидување на климата, развој на вештачка интелигенција, обработка на „големи податоци“ и бројни други научни студии.

Вкупните трошоци за набавка, монтажа и работа во текот на пет години ќе изнесуваат 223 милиони евра, а половина од буџетот ќе биде финансиран од Европската унија.

„Маре Нострум 4“ во 2021 година заработи 47,2 милиони евра, од кои 9,2 милиони од шпанската и каталонската влада, а 21,6 милиони од Европската комисија.