Samsung Galaxy M32 се појавува во вестите од април и се очекува дека во текот на четвртата недела на јуни ќе биде објавен во Индија, според наводите на индустриските извори.

Се очекува дека Galaxy M32 во Индија ќе има цена помеѓу 205 и 270 долари во зависност од меморијата и складирањето. Се верува дека телефонот ќе пристигне со 4GB/6GB RAM и 64GB/128GB простор за складирање.

Остатокот од спецификации ќе вклучува 6,4-инчен FullHD+ Super AMOLED дисплеј, Helio G85 чипсет, 6000mAh батерија и четири камери на задната страна, додека од предната страна ќе се најде 20MP селфи камера.

На задната страна би требало да се најдат главната камера од 48MP, ултраширока од 8MP, како и 5MP макро и сензор за длабочина. Фотографиите покажуваат сензор за отпечатоци од прсти од страна на рамката и три бои – црна, бела и сина.