Милијардерот и основач на Tesla и SpaceX, Елон Маск изјави дека сериозно размислува за создавање на нова социјална мрежа.
Маск жестоко го критикувал Twitter, тврдејќи дека платформата не дозволува слободен говор.
„Со оглед на тоа дека Twitter де факто служи како јавен градски плоштад, непочитување на принципите за слобода на говор суштински ја поткопува демократија“, навел Маск. „Што треба да се направи?“, додал тој. Потоа прашал дали е потребна нова платформа.
Am giving serious thought to this
— Elon Musk (@elonmusk) March 27, 2022
Договорот од 2018. година со Комисијата за хартии од вредност бара Маск да добие претходно одобрение од другите раководители на Tesla пред да објави твит за компанијата.
Откако Маск во ноември ги прашал своите следбеници на Twitter дали треба да продаде 10 проценти од својот удел во Tesla, компанијата добила судски повик од SEC бидејќи анкетата предзивикала распродавање на акциите – што генералниот директор го нарекол „вознемирување”.
Given that Twitter serves as the de facto public town square, failing to adhere to free speech principles fundamentally undermines democracy.
What should be done? https://t.co/aPS9ycji37
— Elon Musk (@elonmusk) March 26, 2022
На почетокот на оваа недела, Маск го оспорил судскиот повик, па регулароторот SEC го повикал сојузниот судија да дозволи неговите твитови и натаму да се испитуваат.
„Предлогот на Маск за поништување е процедурално неисправен и суштински неоснован“, наведуваат од SEC.
Ако продолжи со создавање на сопствена платформа, Маск би се приклучил на растечка листа од јавни личност и технолошки компании кои ги напуштаат социјалните мрежи и создаваат сопствени платформи.