Милијардерот и основач на Tesla и SpaceX, Елон Маск изјави дека сериозно размислува за создавање на нова социјална мрежа.

Маск жестоко го критикувал Twitter, тврдејќи дека платформата не дозволува слободен говор.

„Со оглед на тоа дека Twitter де факто служи како јавен градски плоштад, непочитување на принципите за слобода на говор суштински ја поткопува демократија“, навел Маск. „Што треба да се направи?“, додал тој. Потоа прашал дали е потребна нова платформа.

Договорот од 2018.  година со Комисијата за хартии од вредност бара Маск да добие претходно одобрение од другите раководители на Tesla пред да објави твит за компанијата.

Откако Маск во ноември ги прашал своите следбеници на Twitter дали треба да продаде 10 проценти од својот удел во Tesla, компанијата добила судски повик од SEC бидејќи анкетата предзивикала распродавање на акциите – што генералниот директор го нарекол „вознемирување”.

На почетокот на оваа недела, Маск го оспорил судскиот повик, па регулароторот SEC го повикал сојузниот судија да дозволи неговите твитови и натаму да се испитуваат.

„Предлогот на Маск за поништување е процедурално неисправен и суштински неоснован“, наведуваат од SEC.

Ако продолжи со создавање на сопствена платформа, Маск би се приклучил на растечка листа од јавни личност и технолошки компании кои ги напуштаат социјалните мрежи и создаваат сопствени платформи.