Apple веќе го претстави својот нов iPad Air со M1 чип, а сега се чини дека на пат е сосема нов iPad Pro, со целосно новииот Apple M2 чип. Според познатиот извор на вести поврзан со оваа компанија, Марк Гурман, таблет уредот треба да се појави во одреден момент помеѓу септември и ноември оваа година и ќе биде претставува голема надградба во рамките на новата генерација на iPad Pro уреди.

Според Гурман, Apple ја претстави последната голема надградба за својата најдобра линија iPad уреди во 2018 година. За време на настанот, на публиката и беше претставен уред со поостри рабови, екран од раб до раб и USB-C конекција.

Актуелниот iPad Pro има чипсет М1 и беше претставен во мај минатата година. Значи, не очекува барем нов процесор, а можни се уште неколку изненадувања. Значи, се е во согласност со моментното темпо на Apple, кој ја навикна публиката да ги подобрува своите преносни уреди еднаш на година и половина.

Новата генерација на iPad Pro уреди би требало да поддржува и MagSafe безжично полнење преку MagSafe функционалноста. Да се потсетиме, Мagsafe најпрвин беше претставен на iPhone 12 уредите, а овозможува полнење до максимален капацитет на батеријата за отприлика час и 40 минути.

Некои од претходните наводи тврдеа и дека новиот iPad Pro може да го промени дизајнот и да пристигне со стаклена позадина, но изгледа дека Apple се откажа од таа идеја и ќе го испорача својот нов таблет со алуминиумска позадина со присуство на Apple лого.

Се разбира, сите се најзаинтересирани за M2 чипсетот и неговите перформанси. Во моментов нема информации што точно не очекува со ова решение за мобилен процесор. Според Марк Гурман, M2 чипсетот треба да се базира на истата архитектура со осум јадра како M1, а според него, ова решение би можело да се најде во 13-инчниот MacBook Pro, Mac Mini, како и во новиот iMac со дијагонала од 24 инчи, што исто така се очекува кон крајот на оваа година.