Sony го претстави својот најнов футуристички, луксузен уред, а се работи за позлатен музички плеер Walkman.
Моделот, означен NW-WM1ZM2, има бакарно куќиште кое не е збогатено со кислород, а дизајнирано е да го подобри севкупниот квалитет на звукот преку намалување на електричниот шум и промовирање на повеќе нијансиран звук.
Покрај златната обвивка, моделот има и WiFi компатибилност, може да репродуцира MP3-фајлови со висока дефиниција, како и висококвалитетни формати како Flac и Apple Lossless.
Sony Walkman доаѓа со 3,5 милиметарски приклучок за слушалки и има 5-инчен екран на допир, како и простор за складирање до 256 GB.
Како и што се очекува од ваков луксузен аудио плеер, Sony Walkman NW-WM1ZM2 не е евтин и доаѓа со цена од 3700 евра.