OnePlus неодамна го најави Nord CE 2, но веќе се зборува дека наследникот на Nord 2 би можел да пристигне во вториот квартал на 2022 година. Извештајот, кој доаѓа од Digit, сугерира дека OnePlus Nord 3 ќе понуди слично хардверско поставување како неодамна објавениот Realme GT Neo 3, за кој се тврди дека е првиот паметен телефон што нуди брзо полнење од 150 W. Се истакнува и дека ќе ja полни батеријата од 4500 mAh од 0 до 100% за 15 минути.
Не сакајќи да биде надминат, OnePlus тврди дека ќе биде првата компанија што ќе донесе MediaTek Dimensity 8100 процесор во некој уред.
Oppo објави и дека ќе го понуди своето 150W SuperVOOC полнење со Battery Health Engine во Oppo и OnePlus телефоните од средна и висока класа и дека првиот смартфон на OnePlus што нуди брзо полнење ќе биде објавен во вториот квартал оваа година. Тоа доведе до гласини кои сугерираат дека ќе станува збор за OnePlus Nord 3, кој ќе нуди поддршка за брзо полнење и MediaTek Dimensity 8100, кој ќе пристигне пред летото.
Другите гласини околу OnePlus Nord 3 тврдат дека ќе нуди 6,7-инчен екран со стапка на освежување од 120 Hz.