Иако придонесот на мобилниот пазар често се заборава, тој продолжува да го одржува статусот на најголем сектор во сегментот на видео игрите.

Добар пример за тоа е популарната игра Genshin Impact, која според официјалната статистика заработила над три милијарди долари само на мобилните платформи.

Genshin Impact е една од најголемите „gacha“ игри во моментов достапни. Насловот беше објавен на 28 септември 2020 година, а играта веднаш постигна успех, заработувајќи над 100 милиони долари во првите две недели од нејзиното објавување.

Се чини дека оваа брза стапка на заработка не престана, а како што известуваат Gamesindustry.biz и аналитичката компанија Sensor Tower, Genshin Impact заработил повеќе од три милијарди долари или околу милијарда долари на секои шест месеци од објавувањето.

Покрај тоа, Genshin порасна за 44 проценти на годишно ниво во првиот квартал од 2022 година. Играта постигна добри резултати и на PC и на PlayStation платформи. Вкупната заработка е повеќе од 3,7 милијарди долари на сите платформи (податоци од ноември 2021 година; статистиката за 2022 година не е достапна).

Ова е уште еден показател дека на пазарот има доволно простор за коегзистирање на мобилните платформи и конзоли/компјутери, без програмерите да мора целосно да се префрлат на една од платформите.