Компанијата соопшти дека ја презела мерката во консултација со украинските власти за да го заштити населението.
Google собира податоци за локацијата преку паметните телефони со Андроид и ги користи за да ги идентификува сообраќајните метежи или други големи тешкотии во сообраќајот.
Во Украина, ова овозможи во реално време да се следи дали цивилите се заглавени во сообраќаен метеж додека бегаат од налетот на руските војници.
Исклучувањето на сообраќајните текови е дел од пакетот мерки што Google ги лансираше минатата недела.
„Нашиот тим за одговор на инциденти активно ја следи војната во Украина и работи 24 часа на ден, фокусирајќи се на безбедноста на нашите вработени, корисници и клиенти“, објави Google на Твитер.
Google обезбедува и техничка поддршка за заштита на украинските веб-страници од сајбер напади.
Alphabet не ги оневозможи примарните функции за навигација преку Google Maps во Украина.
Поврзани артикли