Необична алтернатива за глобалните социјални мрежи е се попопуларна во Америка и во некои држави од Европа, а судејќи според бројот на инвеститори, се чини дека планираат многу повеќе да се шират. Како што пишува tportal.hr, досега социјалната мрежа Nextdoor, наменета за луѓе кои се соседи, има собрано околу 75 милиони долари инвестиции во текот на првата фаза од финансирањето, со што ја подигнаа својата вредност на повеќе од 1,5 милијарди долари.

Креаторите на истоимената компанија во Сан Франциско тврдат дека добиените пари ќе ги искористат за ширење на бизнисот  и опфаќање поголем број квартови во својата брзорастечка заедница. Иако мрежата уште не е достапна во нашиот регион, расте нејзината популарност во европските земји. Засега Nextdoor „растура“ со популарноста во САД, Англија и во Холандија.

Необичната дигитална заедница функционира како стандардните социјални мрежи каде што секој корисник има профил со помош на кој може да коментира за случувањата во маалото и на објавите на соседите. Nextdoor овозможува расправа за се – од нови добри ресторани до локалниот криминал.

Извор: Tportal.hr