Huawei во голем стил влегува во автомобилската индустрија.
Деновите за кинескиот пазар се одржа специјален настан на кој беа претставени смартфони на преклопување, паметни очила, како и бројни други напредни гаџети. Она што најмногу ги заинтересита сите е секако автомобилското деби на технолошкиот гигант од Азија.
Станува збор за кросовер моделот AITO M5, кој е резултат на заедничка работа со компанијата Seres, која инаку припаѓа на Sokon Industry Group, а која се занимава со производство на машини. Со оваа групација управува поранешниот ко-основач на Tesla, Мартин Иберхард.
Huawei и Serres соработката ја започнаа минатата година. Така минатата пролет беше лансиран кросоверот Huawei Smart Selection SF5, модел кој е малку изменет Seres SF5, кој е збогатен со електроника од моќниот Huawei. Сега соработката меѓу овие две друштва добива сосем нови конотација и димензии.
Според развојниот тим името AITO треба да се толкува како Adding Intelligence To Auto, што може да се толкува како збогатување на автомобилот со нови напредни опции. Кросоверот AITO M5 се заснова на истата агрегатна база користена во развојот на Seres SF5, но каросеријата, патничкиот простор и електрониката се целосно нови, развиени во директна соработка со Huawei.
Во однос на димензиите, AITO M5 може да се спореди со Jaguar F-Pace или Genesis GV70, односно долг е 4.770 mm, додека ширината и висината се на 1.930 односно 1.625 mm. Предната и задната оска делат простор од 2.880 mm. Погонската група е во форма на секвенцијален хибрид, што значи дека моќта за вртење на тркалата ја обезбедуваат електромотори, додека турбо бензинскиот мотор со 125 коњски сили 1.5 литри волумен е одговорен само за производство на електрична енергија која се испраќа во тракционата батерија со капацитет од 40 киловат часови.
Можно е да се избира помеѓу две модификации со интегрален погон. Тие се разликуваат по моќноста што ја обезбедуваат електричните мотори. Основната варијанта има 428 коњски сили. „224 КС на предната и 204 КС на задната оска, додека алтернативата со ознака Performance нуди 496 КС. Во тоа издание, кросоверот до „стотка“ забрзува за 4,4 секунди.
Конструкторот наведува дека AITO M5, со полна батерија и резервоар за бензин наполнет до врв, ќе може да помине 1.100 километри, мерено според WLTP циклус. Тоа би значело дека просечната потрошувачка на бензин е на ниво од 0,8 литри на секои поминати сто километри.
Впечатлива карактеристика што ја дефинира внатрешноста е мултимедијалниот систем со системот Harmony OS од Huawei и екранот кој во дијагонала е 15,6 инчи. Интегриран е во уникатен екосистем со други гаџети редизајнирани од брендот Huawei. Исто така, постои долга листа на можности што ги обезбедува интернет конекцијата.
Аудио системот е создаден како резултат на работата на брендот Huawei Sound. Камерата, која е поставена на столбот на предното ветрбранско стакло, може да му „земе мерка“ на возачот, додека инструмет таблата е со дијагонала од 10,4 инчи.
Кросоверот AITO M5 е навистина богато опремен, па во спецификациите чќе пронајдете и прилагодливи LED фарови, вентилирани предни седишта со функција за масажа, прилагодлив темпомат (со радар и камера), панорамски стаклен покрив, 360 камера за следење на настани околу возилото и многу други работи. Дополнително, во кабината се наредени неколку USB порти, па освен стандардното место за нив на централната конзола, може да се најдат и во џебовите на вратите, каде може да се полнат и помали уреди со батерии, таканаречени гаџети.
Првите испораки треба да се случат претсојната пролет. Се наведува дека продавачот преку продажба ќе фактурира сума во опсег од 39 до 50 илјади американски долари, но понудувачите се повикале и на државни субвенции во матичната земја. Многу е интересно што Huawei одлучи да понуди возила од палетата на брендот AITO, преку својата малопродажна мрежа или интернет платформа.
Извор: Додај Гас