Новата лабораторија треба да реши некои од најчестите проблеми на модерните телефони – прекинати врски, бавен пренос на податоци и метеж поради пренатрупаност на базните станици.

На почетокот од месецов Vivo ја отвори својата Лабораторија за комуникациски мрежи во Donguan, Кина.

Со значителна инвестиција на самата компанија, беше завршена првата од трите градежни фази во соработка со Кинеската академија за информатички и комуникациски технологии.

Користејќи 5G инфраструктура, вклучувајќи стандардна тековна мрежа и технологии за базни станици, исто така широко користени од глобалните оператори, лабораторијата може флексибилно да ги приспособува и симулира променливите фреквенциски опсези на глобалните комерцијални мрежи 5G и 4G.

Како резултат на тоа, голем број тестови, кои претходно требаше да се вршат на отворено, сега можат прецизно да се извршат во лабораторија.

Екстремните услови, како што се слаб сигнал, пренатрупани улици и движење со голема брзина, може да се тестираат и во лабораторија, обезбедувајќи напредни перформанси на vivo паметните телефони во кое било сценарио.

Покрај тестирањето на реалните, секојдневни сценарија и лабораториските ситуации, инженерите можат да симулираат и различни комерцијални средини во кои се одвиваат различни активности, како што се играње игри, видео повици и преноси во живо. Земајќи ги предвид сите ситуации, се применува сеопфатен метод на верификација со користење на информации за податоци и аналитика собрани за оптимизација на производот. Сето ова е направено со цел на корисниците да им се обезбедат уреди кои се отпорни на сите зла на денешните модерни технологии, кои се фрустрирачки и се почести поради сѐ поголемата употреба на технологијата во секојдневниот живот.

Лабораторијата обезбедува повеќедимензионална поддршка за инженерите ширум светот во различни области, од основни протоколи за комуникација до корисничко искуство. На пример, лабораторијата развива нови модели за тестирање за да ја подобри потрошувачката на енергија со различни мрежи и во различни ситуации. Исто така, внимателно се следи еволуцијата на комуникациските технологии, прилагодувајќи се на развојот на стандардите за 5G, вклучително и 5G NR, верзија 16, осигурувајќи дека корисниците се меѓу првите кои ќе уживаат во најновите иновации.

Користејќи стратегија ориентирана кон корисниците, лабораторијата обезбедува лесно прилагодување на vivo паметните телефони на сложени мрежни услови во реалниот живот. Во текот на процесот на истражување и развој на секој производ, илјадници инженерски прототипови се ригорозно тестирани во нова лабораторија, за да се осигура дека секој телефон ќе стигне до корисникот со одлични способности за пренос на сигнал и податоци, оптимална потрошувачка на енергија и стабилни перформанси.

Во однос на доверливоста на системот и стабилноста на перформансите, лабораторијата има голем простор за масовно тестирање на стабилноста на мрежата, каде се врши строго тестирање на секој паметен телефон. Процесот вклучува повеќе од 4.000 часови непрекинати стрес-тестови за напојување, над 1.000 часови тестирање за пренос на податоци, како и повеќе од 10.000 дојдовни и појдовни повици.

Извор: Mondo.rs