Се шпекулира дека Samsung Galaxy S22 Ultra има слот за S Pen, исто како и Galaxy Note паметните телефони. Последните извештаи сугерираат дека телефонот не само што ќе добие пенкало, туку и повторно ќе го добие старото име. Поради тоа, најголемиот флегшип смартфон модел на Samsung од претстојната серија би можел да се нарекува Galaxy S22 Note.
Гласините доаѓаат од известувачот @FrontTron, кој во минатото беше во право во врска со протекувањето на информации за уредите на Samsung.
S22 ULTRA IS DEAD
Next is the S22 Note ?
— Tron ❂ (@FrontTron) December 10, 2021
Да се имаат S и Note ознаките во истото име изгледа неприродно, но актуелните проблеми во синџирот на снабдување, поттикнати од пандемијата на коронавирусот ни донесоа многу чудни ситуации.
Samsung направи се за да го позиционира Galaxy Z Fold3 како алтернатива на откажаниот Galaxy Note21, со оглед на неговиот голем екран и компатибилноста со S Pen, но би ја сфатиле и потребата за вистинскиот Note, дури и ако тоа значи замаглување на границите помеѓу водечките серии.