Јапонскиот пионер на домашни компјутерски игри, Масајуки Уемура, чии Nintendo конзоли се продадени во милиони примероци ширум светот, почина на 78-годишна возраст.

Уемура е роден на 20 јуни 1943 година во Токио, а на Nintendo му се придружи во 1971 година и потоа ја разви својата прва домашна конзола – Color TV Game.

Уште во 1988 година, почна да работи на создавањето на Super Famicom, а потоа и на неговата западна верзија, Super Nintendo Entertainment System (SNES). Го разви и Satellaview додатокот за Super Famicom.

Nintendo го напушти во 2004 година и почна да работи како професор на Универзитетот Рицумејкан, а потоа го основаше Центарот за проучување за игри (RMSG) каде што од 2011. година работеше како директор.