Samsungсе здружи со Discovery и заедно снимија краток документарен филм за тигрите.
Станува збор документарецот под името „Eye To Eye With a Tiger”, кој е снимен со смартфонот Galaxy S21 Ultra. Документарецот го снима фотографот Јашаса Нарајага за време на неговата посета на Националниот парк Рантамбора со цел да го сними преубавото, но загрозено животно, тигарот.
Проектот е со добра цел, а тоа е да се подигне свеста за уништувањето на шумите, ловокрадството и прекумерното ловење на плен односно тигрите при што нивната популација се намалува.
Проектот ќе го поддржи и Project Conserving Acres for Tigers, зад кој стојат WWF и Discovery. Моментално постои заштитен простор за тигри во Индија, Бутана и Русија.
На Нарајага му се придружил и режисерот Викрам Синх, а тие правеле фотографии и снимале видеа во паркот користејќи ја камерата на смартфонот Galaxy S21 Ultra.
“Со моќта на снимањето и убавината на овие животни ќе им помогнеме на луѓето да ги доживеат тигрите на посебен начин. Фотографиите и видеата од тигрите во дивина можат да помогнат во едукација и поврзување со глобалната публика. Мора заедно да работиме за да направиме промени и да ја осигураме иднината на овие големи мачки”, рече Синх.
Извор: Klix.ba