Иако изгледа како стандарден Bombardier Challenger 650, авионот Leidos Artemis II стана многу повеќе од тоа благодарение на значајните внатрешни модификации.

Artemis II е всушност шпионски авион кој има задача да ги следи комуникациите на непријателот. Станува збор за втор авион произведен од технолошката компанија Leidos со седиште во Вирџинија, што американската армија ќе го користи за надзор. Бројните модификации на авионот, вклучувајќи опрема за обработка на сигнали, модуларни антени и комуникации воздух-земја му овозможуваат на авионот да пресретнува и дешифрира непријателски комуникации од долги растојанија.

Американската војска многу често го користеше првиот авион „Артемис“ за следење на руските комуникации за време на војната во Украина.

Challenger 650 може да лета долги периоди на големи височини и да ги извршува своите мисии ефикасно и релативно без ризик. Авионот може да достигне висина од повеќе од 12.000 метри и да работи со големи брзини. Авионот може да собира подлабоки сигнали на поширок простор и во исто време да одржува прифатливо растојание. Досегот на авионот е 7.400 километри и може да помине речиси 10 часа во воздух, што е сосема доволно време за собирање податоци.

Напредните системи за шпионски авиони и помагаат на војската да избегне испраќање персонал и опрема на терен за да ги пресретне комуникациите на непријателот.

„Една од најголемите предности се подобрените сензорски способности на авионот. Бројот на „цели“ за податоци што војската може да ги следи за време на една мисија е тројно зголемен во споредба со претходниот авион“, велат од компанијата.

Првиот авион Артемис изврши повеќе од 370 мисии и во просек шест работни дена неделно ги надгледуваше руските војници на украинската граница.

Долгорочните планови на американската војска вклучуваат употреба на авиони за набљудување кои можат да достигнат големи височини, а тие планови се дел од проектот HADES (High Accuracy Detection and Exploitation System). Овие авиони треба да ги заменат оние со турбопропелери кои се користат интензивно за собирање информации на боиштата во Ирак и Авганистан.

Компанијата Leidos ќе биде одговорна за целиот животен циклус на авионот, од полетување до обезбедување разузнавачки информации за војската. Затоа, армијата ќе стане поприлагодлива и ќе се намали времето на застој во случај на дефект на системот. Leidos ги решава дефектите во рок од 24 часа.