World Emoji Day 2020 се одбележува на 17. јули, а Google ден претходно објави листа од 117 нови емотикони, кои ќе ги додаде во Android 11 подоцна во текот на годината. Листата ја сочинуваат 62 нови ликови со 55 тонови на кожата и опции на пол. Новите емотикони се фокусираат на емпатичните изрази, различните култури и правичноста.

Новите додатоци на листата на емотикони вклучуваат и животни, како што се бизон, дабар, поларна мечка и други. Google соработуваше со Monterey Bay Aquarium и Victoria Bug Zoo институциите за на овие емотикони на животни да им пружи автентичен изглед. Некои од емотиконите се редизајнирани за да изгледаат добро додека се користат во темен режим. Компанијата го врати дизајнот за некои популарни емотикони, кои претходно беа модифицирани.

Новите емотикони ќе бидат дел од Android 11 верзијата на платформата, чија објава се очекува во септември. Сепак, корисниците ќе можат да ги користат и порано. Со најновата Gboard бета верзија, Google додава брз пристап до табот со емотикони, каде корисниците лесно можат да го пронајдат емотиконот кој го сакаат.