Компанијата SpaceX ја лансираше ракетата Falcon 9 која во вселената го однесе сателитот IXPE (Imaging X-ray Polarimetry Explorer) на американската вселенска агенција NASA.

Сателитот IXPE за првпат беше најавен во 2017 година и е првиот кој може да ја измери поларизацијата на X зраците кои доаѓаат од космичките извори како црните дупки и неутронските ѕвезди.

Станува збор за сателит со големина на фрижидер кој има три телескопи за следење и мерење на насока, временско доаѓање, енергија и поларизација на светлината. Кога сите три податоци ќе се искомбинираат, NASA може да формира слики кои би помогнале да дадат подобар увид во тоа како функционираат мистериозните небесни објекти кои емитуваат X зраци.

Набљудувањето на црните дупки со IXPE ќе им помогне на научниците да научат повеќе и прошираат знаењето за човештвото за регионите кои на вселената им се слабо познати. Исто така, би можеле да помогнат во разбирањето зошто се движат и како ги “голтаат” космичките материјали, а тоа исто така може да доведе до нови откритија.

„IXPE ќе нѝ помогне да ги тестираме и усовршиме нашите моментални теории за тоа како функционира вселената. Можеби дури ќе откриеме и возбудливи теории за овие егзотични објекти”, изјави научникот Мартин Вајскопф.

SpaceX ја искористи Falcon 9 ракетата од претходната мисија.

Извор: Klix.ba