Извршниот директор на Microsoft, Сатја Надела, продаде половина од својот дел во компанијата во серија зделки минатата недела, располагајќи со околу 840.000 акции во вредност од повеќе од 285 милиони долари, според известувањата до регулаторите.
Надела ги продаде акциите „од причини поврзани со лично финансиско планирање и диверзификација“, соопшти компанијата.
„Тој е посветен на продолжување на успехот на компанијата, а неговиот удел е многу над нивото поставено од бордот на директори на Microsoft“, се вели во соопштението.
Продажбата на акциите доаѓа пред државата Вашингтон да воведе контроверзен нов данок на капиталната добивка. Законските измени беа донесени во април и се наменети првенствено за продажба на акции и компании со данок од 7% на долгорочна добивка од над 250.000 долари. Првиот таков данок во историјата на државата треба да стапи на сила на 1. јануари 2022. година.
Акциите на Microsoft се зголемија за повеќе од 2% вчера до 336,63 долари по акција. Акциите на компанијата се тргуваа по околу 36,35 долари кога Надела стана извршен директор во февруари 2014. година, околу една десетина од нејзината сегашна вредност.
Надела продаде акции на 22. и 23. ноември по просечни цени кои се движеа од 334 до повеќе од 349 долари, според известувањето на компанијата до Комисијата за хартии од вредност на САД.