Samsung е подготвен за нова револуција. Според последните инсајдерски информации, компанијата се подготвува за производство на летечки уред – комбинација од дрон и таблет, кој ќе може да биде управуван само со поглед. Патентот е веќе пријавен, а во документот попрецизно е опишан квадрокоптерот со екран и четири пропелери во секој агол. Уредот може да препознае лице, гестови и позиција на рака. Во прилог, дронот ќе биде опремен со GPS модул и систем за позиционирање на база Wi-Fi, жироскоп и акцелеметарски сензор за движење и функција за препознавање на глас.
За уредот се вели дека може да го промени својот агол на наклон за време на летот, прилагодувајќи се на гледна точка на корисникот. Беспилотното летало ќе има ротациски ротори кои ќе му овозможуваат да се ротира од хоризонтална до речиси вертикална положба.