Германскиот гигант Дајмлер потврди дека до 2030 година ќе купи батерии во вредност од околу 23 милијарди евра.

Најголемите светски произведувачи, а меѓу нив и Дајмлер, целосно се фокусираат на производство на хибридни и електрични возила.

Главниот бренд на Дајмлер Мерцедес – Бенц планира 130 електрични и хибридни модели до 2022 година, меѓу кои и електрични комбиња, автобуси и камиони.

Дајмлер не соопшти од која фирма ќе ги набави батериите.