Amazon има интересна идеја за тоа како да ги спаси возачите на електични автомобили кога ќе им се испразни батеријата на нивниот електричен автомобил.

Иако бројката на електричните автомобили на патиштата ширум светот и натаму е мала, сепак факт е дека овие автомобили се иднината и во не така далечна иднина целосно ќе ги заменат бензинците.
Овие автомобили имаат ограничен домет, па така возачите мора да внимаваат околу празнењето на батеријата и планирањето на дополнување на следната станица. Доколку се случи батериите да се испразнат „на половина пат“, Amazon има решение.

Имено, од Amazon пријавија интересен патент кој што треба да им помогне на луѓето кои што ќе останат со празни батерии на своите автомобили – дронови со батерии би долетале до автомобилот и би ги наполниле батериите дури и во движење.

На пример, кога возачот ќе забележи дека батериите се пред целосно празнење, тој ќе испрати барање за таков дрон кој што веднаш ќе се упати до локацијата на автомобилот и кога ќе дојде до него, ќе се спои и ќе ја дополни неговата батерија.

Сепак, ова е само патент и не значи дека Amazon ќе започне со негов развој, но јасно докажува во кој правец ќе се движи технолошката индустрија и колку широка примена во иднина би можеле да имаат беспилотните летала, односно малите дронови.