Компанијата Siemens и германската железница Deutsche Bahn (DB) го претставија првиот целосно автоматизиран воз во Хамбург.
Директорот на DB, Рихард Луц рече дека автоматизираната пруга обезбедува подобра и посигурна услуга, сето тоа без ниту една милја нова шина.
Looks like magic ?! @SiemensMobility and @DB_Presse presented the first automatic train today in Hamburg#digitalization#ITSHamburg2021 pic.twitter.com/lDG2Zx2g33
— Eva Haupenthal (@e_haupenthal) October 11, 2021
Иако некои аеродроми ширум светот имаат автономни железнички шатлови на една шина, како и Париз кој поседува автономно метро, новиот воз претставен во Хамбург е првиот целосно автоматизиран воз кој може безбедно да ја користи постоечката железничка инфраструктура заедно со стандардните возови управувани од екипаж.
Siemens тврди дека новиот воз е поефикасен поради користењето на вештачка интелигенција, што овозможува строго следење на распоредот и исполнување зголемените барања поефикасно од човек. Четири автоматизирани возови ќе се користат во брзата градска железничка мрежа S-Bahn, а патниците ќе започнат со превоз во декември. Возот е развиен во проект за модернизација вреден 60 милиони евра.
With the first time implementation of ATO over ETCS for @SBahnHamburg, we have developed the blueprint for #DigitaleSchieneDeutschland and the basis for digital #transformation in #rail transport. Watch the full video ⬇️ #digitalization #movingbeyond #ITSHamburg2021.
— Siemens Mobility (@SiemensMobility) October 12, 2021
Иако возовите ќе бидат целосно автоматизирани, сепак од безбедносни причини ќе биде присутен човек секогаш кога ќе се возат патници. Маневри како вртење ќе се изведуваат автоматски без потреба од човечко присуство.
Siemens планира до крајот на оваа деценија да го дигитализира целиот систем S-Bahn во Хамбург, а автоматизирана технологија во иднина треба да се користи низ цела Германија. Железничкиот превоз е во подем бидејќи е почист и посигурен начин за патување. Железничкиот транспорт, во просек, генерира 80 проценти помали емисии на километар во споредба со патниот транспорт.
Извор: Klix.ba