Кога поток на наелектризирани честички, познат како сончев ветер, се движат на површината на Месечината со 450 километри во секунда (или речиси 1 милион милји на час), ја збогатуваат нејзината површина со состојки кои можат да направат вода, откриле научниците при НАСА.

Користејќи компјутерска програма, научниците ја симулирале хемијата која се одвива кога сончевиот ветер ја допира површината на Месечината. Како што Сонцето ги упатува протоните на Месечината, тие откриле дека овие честички комуницираат со електрони во површината на Месечината, создавајќи водородни (H) атоми.

Овие атоми потоа мигрираат низ површината и им се прикачуваат на изобилните кислородни (О) атоми врзани во силика (SiO2) и другите молекули што носат кислород, кои ја сочинуваат лунарната почва, или реголит. Заедно, водородот и кислородот ја прават молекулата хидроксил (OH), компонента на водата, или H2O.

“Секогаш кога мислиме на водата, помислуваме на едно специјално магично соединение“, вели Вилијам М. Фарел, плазма физичар во Годар Центарот на НАСА во Гриндбалт, Мериленд, кој помогна да се развие симулацијата. “Но тука, еве што е неверојатно: секоја карпа има потенцијал да направи вода, особено откако ќе биде озрачена од сончевиот ветер“, додал тој.