Најголемиот систем на батерии во светот, оној што Јужна Австралија го купи од Tesla на крајот на 2017 година, наскоро ќе биде симнат од врвот. Сојузната држава Викторија ќе добие нов, поголем, на десетина километри југозападно од Мелбурн. И овој проект ќе го гради Тесла.

Системот Хорнсдејл со моќност од 100 мегавати, во Јужна Австралија може да снабдува електрична енергија со 30.000 домаќинства околу еден час и на тој начин да помогне кога, поради разни природни непогоди, ќе се изгуби редовно снабдување со електрична енергија во кој било дел на областа. До крајот на 2019 година, овој систем веќе донесе заштеда од над 50 милиони долари, што е еднакво на почетната инвестиција во него.

Сега овој пример го следи и соседна Викторија, откако сега тие му ја доверија на Tesla задачата да изградат уште поголем систем на батерии. Тој ќе има моќност од дури 300 мегавати, што значи – капацитет од 450 мегават-часови. Изградбата ќе почне кон крајот на 2021 година.