Корисниците на дигиталните платформи Instagram, Facebook и WhatsApp во моментот имаат проблеми и не може да се користат.
Почетните страници на овие дигитални платформи не може да се отворат, проблемите со овие неколку апликации почнаа да се појавуваат по 17 часот.
Корисниците на овие мрежи се жалат дека не може да ги освежат вестите и да испраќаат пораки.
„Свесни сме дека некои луѓе имаат проблеми со пристапот до нашите апликации и производи. Работиме на проблемот и се надеваме дека ќе ги вратиме работите во нормала што е можно побргу и се извинуваме за непријатностите“, велат од Facebook.
Facebook: Им се извинуваме на корисниците, работиме на проблемот
Од компанијата Facebook се огласија на Twitter откако нивните сервиси престанаа со работа ширум светот.
„Знаеме дека некои луѓе имаат проблеми со пристап до нашите апликации. Работиме на проблемот, на работите што побрзо да се вратат во нормала. Се извинуваме поради непријатноста“, наведоа во соопштението.
Досега има повеќе од 125.000 пријави на Down Detector, една од најпопуларните страници кои служат за пријавување проблеми при користење различни сервиси.