Целосното откажување од пушење е најдобрата опција, но и покрај свесноста за штетното влијание што оваа лоша навика го има врз здравјето на пушачот и неговата околина, поединците сѐ уште не се откажуваат од цигарите од различни причини. Во таква ситуација, може ли иновациите во тутунската индустрија и појавата на помалку штетни алтернативи да играат клучна улога во намалувањето на штетата и последиците за човештвото?

Ова прашање го отвори реномираниот британски онколог Питер Харпер на четвртиот научен самит „Намалување на штетата од чадот од тутун“, што се одржува во Грција.

Харпер потсети на целите на Владата на Велика Британија која во својата агенда постави дека ќе се ослободи од чадот од тутун до 2030 година. Како што објасни тој, „без чад од тутун“ би значело дека распространетоста на пушењето кај возрасните е на ниво од 5 проценти.

„Од гледна точка на 2021 година, сѐ уште не сме далеку од оваа цел, бидејќи има големи варијации во распространетоста на пушењето низ Британија, имајќи предвид дека ситуацијата не е секаде иста“, рече Харпер, посочувајќи го мислењето на Институтот за истражување малигни заболувања на Велика Британија од каде стигаат пораки дека ослободување од тутунскиот чад може да се очекува дури во 2037 година.

Со оглед на тоа што од денешна перспектива оваа година е далеку и фактот дека официјалната статистика покажува дека денес пушат околу милијарда луѓе во светот, во што науката гледа решение?

Харпер смета дека индустријата сѐ повеќе се врти кон концептот за намалување на штети, односно принципот на обезбедување помалку штетни алтернативи на цигарите за оние кои од некоја причина не сакаат да се откажат од цигарите.

Познатиот онколог за време на својот говор направи паралела помеѓу традиционалните цигари и помалку штетните алтернативи. Чадот од тутун, како што објасни, е главниот виновник за многу болести, вклучително и за малигните заболувања.

„Познато е дека процесот на согорување на цигара произведува чад од тутун кој содржи повеќе од 6.000 штетни или потенцијално штетни честички. Според американската Агенција за храна и лекови (ФДА), 93 се штетни или потенцијално штетни, а речиси 80 се канцерогени или потенцијално канцерогени“, објасни Харпер.

Тој го наведе IQOS како пример за помалку штетна алтернатива – првиот уред без чад на Филип Морис, кој американската Агенција за храна и лекови минатата година го класифицираше како производ со модифициран ризик. ФДА заклучи дека изложеноста на штетни материи при користење на овој уред е значително намалена во споредба со цигарите.

„IQOS го користи принципот на загревање на тутунот наместо да го гори, што првично го намалува ризикот од штетни материи. Токму Американската агенција за храна и лекови истакна дека, иако не е целосно без ризик, IQOS може да ја намали изложеноста на штетни материи кај корисниците кои целосно ќе се префрлат од цигари на него “, објасни Харпер.

Како што заклучи во својот говор, пристапот е важен во се – а особено вистинскиот пристап кон луѓето кои не сакаат да се откажат од цигарите.

„Задача на сите нас е да им помогнеме на оние кои не престануваат да пушат. Важно е да ги информирате за последиците, но истовремено и за помалку штетните алтернативи кои се научно докажани, а кои им се достапни”, заклучи Харпер.