Иако само што се појави iPhone 13, веќе кружат шпекулации за iPhone 14 предвиден за 2022. година.
Apple следната година ќе го претстави iPhone 14 кој ќе донесе целосен редизајн, прв пат откако пристигна iPhone X во 2017. година. Релативното скромно унапредување на iPhone 13 ќе биде најава на поголемиот дел од работите што доаѓаат.
Познатиот аналитичар Минг-Чи Куо кој неодамна истакна дека Apple ќе почне да го отфрла засекот на екранот во 2022. гофина, а првиот уред без него ќе биде iPhone 14 Pro. Уредот ќе има punch-hole дизајн во кој ќе биде сместена предната камера, баш како што е случајот со бројните смартфони кои користат Android.
YouTube влогерот Џон Просер тврди дека има рендери базирани на вистинските фотографии на новиот iPhone. Овој нов модел би изгледал како „голем iPhone 4“ со рамка од титаниум и подебело куќиште.
Другите гласини говорат дека Apple би можел да го изостави iPhone mini од понудата и да го замени со „стандардниот модел“. Се појавија гласини и за Touch ID сензорот сместен под екранот, но не е сигурно дали ќе биде подготвен за 2022. година.
Сепак, останува уште една година до објавата на новиот iPhone, така што постои шанса Apple да направи одредени промени пред да се одлучи за конечниот дизајн. Што и да се случи, навестувањата велат дека iPhone 14 може да донесе важни промени.