Изгледа дека новиот план за верификација на Твитер ќе биде двостепен систем.

Потпретседателката на Twitter, Естер Крафорд, која го предводи секторот за претплата на Twitter Blue, потврди дека покрај сините ознаки, компанијата ќе користи и посебна „официјална“ ознака за избраните сметки.

Според извештаите, ознаката „официјален“ ќе биде резервирана за владини профили, комерцијални компании, деловни партнери, големи медиуми, издавачи и некои јавни личности.

Не е познато како Твитер ќе одреди која сметка се квалификува за оваа нова ознака и дали ќе мора да помине низ нови процеси за верификација.

Се истакнува дека сите претходно верифицирани сметки нема да ја добијат ознаката „official“ и таа ознака не е достапна за купување.

Се чини дека планот е создаден за да се ублажат критиките што се појавија откако Маск ги објави плановите за Twitter Blue и верификација.

„Официјалната“ ознака и проширената верификација се очекува да пристигнат на Твитер во наредните денови.