Како што раната имплементација на 5G инфраструктурата зема замав низ Западна Европа, повеќето земји во Источна Европа се наоѓаат во многу различни фази кога станува збор за нивното индивидуално воведување на 5G. Поради различните технички, правни, па дури и политички контексти, овие земји треба да донесат тешки одуки за тоа што ќе прават понатаму.
Во годините откако Северна Македонија го доби кандидатскиот статус за Европската унија, пристапувањето на земјата беше забавено поради споровите со Грција, а подоцна и Бугарија. Со оглед на тоа што вториот спор се уште не решен, не се очекува напредок во блиска иднина. Одложените европски аспирации на Македонија може да имаат и негативно влијание врз пазарот на електронски комуникации и може да доведат до натамошно забавување на имплементацијата на 5G во државата. Задоцнетата европска интеграција ги отежнува сите процеси во рамките на телекомуникациите, вклучувајќи го и воведувањето на долгоочекуваната 5G технологија.
Долгогодишните неуспешни обиди на Македонија да се интегрира во Европската унија има негативни последици за пазарот на електронски комуникации. Со евентуалниот влез во ЕУ, земјата би имала финансиски и инфраструктурни придобивки, што би ги забрзало сите телекомуникациски процеси, а ова посебно се однесува на имплементацијата на петтата генерација на безжични мрежи. 5G треба да овозможи технолошки напредок за општеството и многу нови функционалности за корисниците.За функционирање на оваа мрежа, потребни се инвестиции и нова инфраструктура, а тоа може да се обезбеди со приклучување кон европските институции.
Телекомуникациските експерти во земјата веруваат дека со имплементација на ЕУ процедурите,приватниот сектор ќе биде сигурен дека постојат стандарди спроведени со овие регулативи. „Пазарот на слободна економија и политиките за недискриминација и фер конкуренција на пазарот мора да бидат главниот концепт на функционирање во демократските држави и ние треба да се стремиме кон тоа. Овој концепт на фер политика треба подеднакво да се спроведува во сите сектори, вклучително и телекомуникациите“, порачуваат експертите.
За да започне проектот за 5G мрежи, треба да бидат променети некои закони, а владата треба да објави со колкава сума ќе ги субвенционираа компаниите што ќе ја инсталираат мрежата.
Според државните планови усвоени пред две години, до крајот на 2023 година најмалку еден од големите градови во државата треба да биде целосно покриен со 5G сигнал, а до крајот на 2027 година да бидат покриени сите градови. До крајот на 2029 година, пак, секој граѓанин треба да има можност за пристап до 5Г мрежа и брз интернет.
Технологијата која има од 10 до 1000 пати поголема брзина од досегашната 4Г мрежа ќе може да се користи и за професионални и за аматерски цели.