Компанијата Microsoft го претстави својот најнов контролер наменет за конзолата Xbox.

Новиот контроелр е наречен Aqua Shift Special Edition и навистина изгледа атрактивно во својата блескава сина боја, поради која е и можеби „најсветлечкиот“ контролер на Microsoft било кога.

Покрај убавата боја, контролерот доби и гумирани странични грипови кои имаат уникатна комбинација на бои за секој примерок.

Преднарачките за контролерот Aqua Shift Special Edition се можни за одредени пазари по цена од 69,99 долари.

Овој контролер се придружува на многуте други за Xbox Series X и S кои сме ги виделе досега. Microsoft повторно го отвори Xbox Design Lab во јуни и така им овозможи на гејмерите да дизајнираат сопствени контролери.