Google објави дека Chrome 80 ќе воведе „потивок“ интерфејс на известувања, така што ќе можете да ја извршувате работата помирно на интернет, со помалку прекини отколку досега.

Без оглед на тоа дали користите десктоп компјутер или паметен телефон, ќе добиете кратко, релативно ненаметливо предупредување, наместо вообичаена „pull down“ нотификација.

Најпрвин ова ќе морате да го овозможите рачно, но Google најавува дека ќе ја активира и автоматската функција, што ќе им олесни на оние кои често блокираат известувања.

Ажурираниот веб прегледник се очекува во февруари, а планирано е решение на уште еден проблем: веб адресите кои ги злоупотребуваат известувањата, објави Engadget.

Компанијата предупреди дека ќе овозможи „дополнителна заштита“ против оние сајтови кои ги користат нотификациите за огласи, малвер, или во цели за измама.

Повеќе детали ќе мораме да почекаме, но сигурно е дека Google решил да им застане на патот на сајтовите кои ги злоупотребуваат информациите на корисникот.