Оперативниот систем на Huawei за мобилни уреди Harmony OS ја премина границата од 70 милиони корисници.

Во јуни, извршниот директор на Huawei вети дека 100 модели ќе добијат стабилна верзија на оперативниот систем. сега компанијата слави голем успех, 70 милиони уреди што користат Harmony OS. Исто така, се наведува дека „скоро“ 100 модели се подготвени да се надградат.

Корисниците можеа да се префрлат на Harmony OS од април, а бројката од 70 милиони уреди со овој оперативен систем е достигната за помалку од три месеци. Се работи главно за Huawei и Honor уреди во Кина. Треба да се каже дека Harmony OS е достапен на глобално ниво, но сепак за само мал број уреди.

Се очекува дека бројот на уреди со споменатиот оперативен систем ќе продолжи да расте и таа поддршка ќе се прошири дури до серијата Mate 9 претставена во 2016 година. Huawei прави се што може за да ги задржи своите клиенти, а еден од начинините е да ја зголеми меморијата на уредите.