Компанијата Xiaomi објави дека наскоро ќе почне со глобалната испорака на MIUI 12.5 Enhanced ажурирањето, а се работи за подобрената верзија на Android интерфејсот на компанијата.
Следните уреди ќе го добијат ажурирањето во текот на последниот квартал на оваа година (октомври-декември): Xiaomi Mi 11, Xiaomi Mi 11 Ultra, Xiaomi Mi 11i, Xiaomi Mi 11X Pro, Xiaomi Mi 11X, Xiaomi Mi 10T Pro 5G, Xiaomi Mi 10T 5G, Xiaomi Mi 10 Pro 5G и Xiaomi Mi 10 5G.
Листата на модели за Кина, кои ќе добијат ажурирање е подолга и некои од нив имаат соодветни глобални модели, така што Xiaomi може да го прошири MIUI 12.5 Enhanced на уште повеќе смартфони.
MIUI 12.5 Enhanced доносува стотици ажурирања и додатоци, а клучните зборови што го опишуваат се оптимизација и издржливост. Atomic Memory ја оптимизира употребата на RAM меморијата, додека втората оптимизација го намалува користењето на процесорот до 15% и ја намалува потрошувачката на енергија до 8 проценти во некои сценарија.
Liquid Storage ќе ја одржува меморијата во оптимална состојба, што го забавува неговото стареење. Според Xiaomi, перформансите за пишување/читање податоци ќе се намалат за само 5 проценти по 36 месеци употреба.