А1 Македонија започна со програмата “A1 Way Up”, која има за цел да им обезбеди на младите почеток на нова кариерна приказна, богато работно искуство исполнето со предизвици и проекти од областа на Data science и Data analytics. Младите таленти кои ќе аплицираат и ќе бидат дел од тимот на А1, ќе имаат можност да работат на проекти со поддршка од најнови технологии, ментори и бројни курсеви за обука и надградба на вештини. Оваа едногодишна платена програма со полно работно време е наменета за дипломирани студенти и млади професионалци со помалку од една година работно искуство.

Новите членови на А1 тимот кои знаат да работат Data science, ќе имаат можност да учат и работат на реални проекти поврзани со Predictive modeling, модели за зголемување на ефикасноста на внатрешните операции на A1 и NPS, односно предиктивни модели за финансии за корисници, автоматизација на маркетинг кампањи и активности, предиктивни модели за логистика и набавки. Во текот на работењето ќе имаат можност практично да ги подобрат своите вештини за работа со Big Data, Python за data science, напредна анализа на податоци и NLP. Покрај формалните обуки, младите професионалци ќе добијат целосна поддршка од ментори, а со текот на времето ќе станат членови на А1 агилни тимови и ќе работат на други проекти.

Младите професионалци од областа на Data analytics, исто така, ќе бидат вклучени од самиот почеток во професионална обука и практична работа со поддршка на ментори. Во првите неколку месеци, тие ќе бидат вклучени во обука за основите на Power BI, бази на податоци, DWH системи и SQL.

Она што ќе биде заедничко за сите млади професионалци кои ќе бидат вклучени во оваа програма е пристап до врвни ментори, најнови технологии, образование и многу други бенефити, кои им се достапни на вработени во А1.

„Постојаниот напредок на технологијата, дигитализација на процеси, како и новото време кое наметна релативно лесно извршување на работните обврски од која било локација создаде динамика на пазарот на труд. Младите се поретко добиваат можност својата кариера да ја започнат на вистинско место, заради барање на одредено искуство и вештини. Со A1 Way Up им ги отвораме вратите на младите кои се подготвени да учат и да ги надградуваат своите вештини, а притоа да работат на реални проекти со поддршка на ментори“, истакна Стефан Јовановски, Раководител на оддел за човечки ресурси во А1 Македонија.

Сите заинтересирани кои знаат да работат со Data и сакаат да бидат дел од програмата A1 Way Up, можат да се пријават на следниот линк.