Агата Танг, глобален ПР на производите во компанијата Xiaomi, го објави на Twitter најновиот тизер за претстојниот Mi Mix 4 телефон. Со ознаката „Innovating on innovation”, твитот укажува на импресивно тенки рамки кога станува збор за дизајнот, без никакви засеци и отвори.
Според гласините, Mi Mix 4 ќе ја имплементира технологијата на Xiaomi на селфи камерата под дисплејот. На оваа функција компанијата работи од 2019. година.
The flexible screen panel of Xiaomi MIX4 is very good.We can't see the traces of UDC. pic.twitter.com/L5lnI45jOF
— Ice universe (@UniverseIce) August 4, 2021
Според претходните гласини, Mi Mix 4 на задната страна ќе има и секундарен дисплеј. Се сугерира дека телефонот ќе го покренува Qualcomm Snapdragon 888 чипсет, ќе има 4500mAh батерија со 120W опција на полнење.
Кога е во прашање флексибилниот дисплеј на теелфонот, веќе го видовме во акција пред неколку дена, благодарение на дојавувачот Ice Universe.